ОД ЦРВЕНА ДОЛНА ОБЛЕКА ДО РИБА ЗА СРЕЌА – НОВОГОДИШНИ РИТУАЛИ НИЗ ЕВРОПА

    ОД ЦРВЕНА ДОЛНА ОБЛЕКА ДО РИБА ЗА СРЕЌА – НОВОГОДИШНИ РИТУАЛИ НИЗ ЕВРОПАВо Италија, од мажите се очекува да им подарат на партнерките црвена долна облека. (Фото: ДПА)

    Данците скокаат од столица, Шпанците ја преполнуваат устата со грозје, а Турците пуштаат вода од славините да тече – со векови Европјаните се големи креативци во прославување на доаѓањето на Новата година. Сите овие обичаи и традиции се базираат на суеверие, па така и Новата година се прославува и врзува со ритуали, но заеднички за сите е огнометот. „Дојче веле“ направи листа на некои од највпечатливите традиции низ Европа.

    Виски за среќа во Шкотска

    Мажи облечени во килтови се движат низ улиците на 31 декември, кога го слават нивниот зимски фестувал Хогманај. На полноќ, ѕвонат на вратите и пеат стара фолклорна келтска песна. „ Ако заѕвонат на вашата врата и ви подадат шише виски, тоа ќе ви донесе среќа“, велат Шкотите.

    Скок од столица во Данска

    Следејќи вековна традиција, данската кралица Маргрит Втора во 18 часот држи Новогодишен говор, кој се емитува на сите радио и телевизиски станици. Трпезите во Данска се преполнуваат со храна, а најмногу со шампањ и торта со бадеми. На полноќ, сите скокаат од столиците за симболично да влезат во новата година.

    Колачи од марципан во Германија

    Во Германија, луѓето разменуваат мали подароци за кои се верува дека ќе им донесат среќа во новата година, како на пример колачиња од марципан во форма на прасе или на детелина со четири листа. Исто така постои традиција, да се топат мали оловни фигури и да се фрлаат во вода, за да може да се прочита иднината.

    Слатка риба во Австрија

    Во Австрија, обичај е со танц да се прослави Новата година. Исто така, Австријците јадат бисквита наречена „слатка риба“ која носи среќа низ годината. „Но, многу е важно прво да се изедат перките, инаку среќата ќе ве одмине“, велат тие.

    Врева со тапани во Швајцарија

    Швајцарците ја слават Новогодишната ноќ со паради, тапани и со што е можно поголема врева, затоа што веруваат дека така ќе ги избркаат лошите духови и демоните. За вечера, традиционално јадат фонду.

    Црвена долна облека во Италија

    Во Италија, од мажите се очекува да им подарат на партнерките црвена долна облека. Имаат богати трпези со свинско месо, а исто така имаат и обичај да флраат стари парчиња облека низ прозорците токму на полноќ.

    Игри со карти во Грција

    За повеќето Грци, новогодишната ноќ значи само едно: играње карти. За победникот на вечерта се верува дека ќе стане богат, а пак тој што ќе изгуби, ќе има среќа во љубовта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира