ЧЛЕНОТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ ТЕОФИЛОВСКИ ЌЕ СЕ БАРА СО ПОТЕРНИЦА, ПОЛИЦИЈАТА НЕ ГО НАЈДЕ ДОМА

    ЧЛЕНОТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ ТЕОФИЛОВСКИ ЌЕ СЕ БАРА СО ПОТЕРНИЦА, ПОЛИЦИЈАТА НЕ ГО НАЈДЕ ДОМАСудијата Зоран Теофиловски е првоосомничен во истрагата заедно со уште 7 лица од Општина Тетово за нелегална приватизација и легализација на атрактивно зејмиште вo Тетово, со што државата е оштетена за 860.000 евра. (Фото: К. Попов)

    Полицијата по обезбедениот судски налог за претрес во домот на судијата Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет, денеска не го нашла дома. Според информациите од Обвинителството за организиран криминал, се смета дека Теофиловски е недостапен на органите на прогонот и најверојатно за него ќе биде распишана интерна, а можеби и меѓународна потерница.

    Теофиловски е првоосомничен во истрагата заедно со уште 7 лица од Општина Тетово за нелегална приватизација и легализација на атрактивно зејмиште вo Тетово, со што државата е оштетена за 860.000 евра.

    Обвинителот што постапува по предметот во текот на денот до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд ќе достави предлог за определување мерка притвор за шест осомничени и мерки на претпазливост за две осомничени лица, соопшти претпладнево ОЈО за организиран криминал и корупција.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира