ОСУДЕНИ УСЛОВНО ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАРПОШ КОИ ПРИЗНАА ВИНА ДЕКА ЈА ОШТЕТИЛЕ ОПШТИНАТА ЗА 616.000 ЕВРА, СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ЧЕКА СУДЕЊЕ САМ ВО ОБВИНЕНИЕТО

    ОСУДЕНИ УСЛОВНО ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАРПОШ КОИ ПРИЗНАА ВИНА ДЕКА ЈА ОШТЕТИЛЕ ОПШТИНАТА ЗА 616.000 ЕВРА, СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ЧЕКА СУДЕЊЕ САМ ВО ОБВИНЕНИЕТОСпоред обвинението од август 2018, градоначалникот Јакимовски дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектонско-урбанистичка документација. (Фото: СДК.МК)

    Петте службени лица од Општина Карпош кои на средината на декември признаа вина за бесправно градење како извршители на обвинетиот поранешен градоначалник Стевчо Јакимовски, добија условни казни.

    Бидејќи ги признаа кривичните дела уште пред да влезат во судница, тие се осудени од судија на претходна постапка, а не од редовен. На предлог на Обвинителството за организиран криминал и корупција, добија услови затворски казни по 1 година, ако во наредните две години го повторат кривичното дело.

    Јакимовски останува во обвинението, тоа ќе чека судење во постапка во која пола од неговите обвинети соработници си признаа дека со своите постапки заедно со Јакимовски го оштетиле буџетот за 616.000 евра.

    Според обвинението од август 2018, градоначалникот Јакимовски дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектонско-урбанистичка документација.

    Некои од тие што признаа вина се членови на комисијата за јавни набавки, друг е надзорен инженер во компанијата која најмногу се офајдила од незаконското градење, третата овозможила незаконска приватизација, откуп на државно земјиште, има осудено и правно лице.

    Петтемина осудени треба да платат и парична казна, како споредна казна, во висина од по 500 евра во денарска противвредност.

    Мерките на претпазливост ќе им бидат укинати по правосилноста на пресудите.

    Јакимовски во својство на градоначалник на Карпош како инвеститор на изведување работи за „Демонтажа, дислокација и изградба на четврта и петта барака на бул. ’Партизански одреди‘ бр. 68“ и „изведба на демонтирани и четврта и петта барака во рамки на урбанистичката парцела на ОУ „Лазо Трповски“, во тек на 2012 и 2013 година спротивно на членовите 56, 59 и 67 од Законот за градење без одобрение за градење и соодветна архитектонско-урбанистичка документација во име и за сметка на Општина Карпош изградил две бараки наменети за општинската администрација. Потоа поднел барање за легализација на двете бараки кое лично го потпишал иако според Законот за постапување со бесправно изградени објекти, бараките не можеле да бидат предмет на легализација затоа што се изградени по стапување во сила на Законот за легализација.

    Јакимовскки е обвинет за потешко дело, за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира