„ИКЕА“ ЌЕ ИСПЛАТИ 46 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОТКАКО ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ЗАГИНА ПОД ПАДНАТИ ФИОКИ

    „ИКЕА“ ЌЕ ИСПЛАТИ 46 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОТКАКО ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ЗАГИНА ПОД ПАДНАТИ ФИОКИДвегодишниот Јозеф Дудек загинал во 2017 во неговиот дом во Калифорнија

    Шведскиот гигант за производство на мебел „Икеа“ се согласи да му плати 46 милиони долари на семејството чие дете почина откако врз него паднале фиоки од шкаф.

    Двегодишниот Јозеф Дудек се задушил во 2017 кога фиоките произведени од оваа фирма го поклопиле во неговиот дом во Калифорнија. Мебелот тежок 32 килограми и висок 76 сантиметри една година претходно бил повлечен од продажба од безбедносни причини откако загинале три други деца.

    Според адвокатите, тоа е најголемата нагодба за смрт на дете во историјата на САД.

    „Иако ниту една нагодба нема да го промени овој трагичен настан, во интерес на семејството и на сите вклучени благодарни сме што беше постигнат договор. Ние и натаму посветено ќе работиме на безбедноста на нашите производи“, изјави портпаролка на „Икеа“.

    Во 2016 година, „Икеа“ повлече милиони шкафови со фиоки во Северна Америка, што е најголемо повлекување на еден производ во историјата на компанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира