НАД 50 ЗАГИНАТИ ВО СТАМПЕДО НА ПОГРЕБОТ НА ИРАНСКИОТ ГЕНЕРАЛ СОЛЕЈМАНИ

    НАД 50 ЗАГИНАТИ ВО СТАМПЕДО НА ПОГРЕБОТ НА ИРАНСКИОТ ГЕНЕРАЛ СОЛЕЈМАНИСолејмани беше убиен во петокот во воздушен напад во Багдад, одобрен лично од Доналд Трамп (Фото: АП)

    Бројката на загинати во стампедото што утрово се случи на погребот на најмоќниот ирански генерал Касем Солејмани порасна на 56, додека повеќе од 200 се повредени.

    Милиони Иранци во изминатите денови излегоа на улица за да му оддадат почит на Солејмани во низа погребни поворки, пред тој денеска да биде погребан во родниот град Керман. Сепак, поради денешниот трагичен настан церемонијата мораше да биде одложена.

    Засега е нејасно како дошло до стампедото во југоисточниот ирански град. До него дошло на почетокот на процесијата, кога на улиците на Керман се собрале илјадници луѓе.

    „Маченикот Касем Солејмани е уште помоќен сега кога е мртов“, кажа лидерот на Иранската револуционерна гарда Хосеин Салами.

    Солејмани, кој беше водач на елитните ирански единици Кудс, беше убиен во петокот во воздушен напад во Багдад, одобрен лично од Доналд Трамп. Иран се закани дека ќе им се одмазди на САД и на неговите сојузници во регионот.

    „Солејмани имаше клучна улога во поддршката на палестинските групи, хутските бунтовници во Јемен и на шиитските милиции во Ирак и Сирија. Им порачуваме на нашите непријатели дека ќе се одмаздиме“, кажа Салами.

    Министерот за надворешни работи на Иран Зариф вели дека убиството на Солејмани е воен чин и дека одговорот на Иран ќе биде против легитимни цели.

    „Трамп беше заведен од државниот секретар Мајк Помпео. Тој мисли дека луѓето сега танцуваат на улиците на Техеран и Багдад“, кажа Зариф.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира