МЕГАН СЕ ВРАТИ ВО КАНАДА ДОДЕКА КРАЛИЦАТА БАРА РЕШЕНИЕ ЗА НЕЈЗИНАТА ИДНА УЛОГА

    МЕГАН СЕ ВРАТИ ВО КАНАДА ДОДЕКА КРАЛИЦАТА БАРА РЕШЕНИЕ ЗА НЕЈЗИНАТА ИДНА УЛОГАМеган Маркл кратко остана во Велика Британија, па повторно му се придружи на синот Арчи во Канада (Фото: Гети)

    Меган Маркл се врати кај својот син Арчи во Канада додека во Бакингамската палата се водат дебати за нејзината идна улога, како и на принцот Хари, во кралското семејство.

    Војводата и војвотката од Сасекс завчера ја шокираа Бакингамската палата со објавата дека планираат да се повлечат од своите кралски должности и дека сакаат да станат финансиски независни. Кралското семејство изјави дека е повредено од нивната одлука.

    Меган и Хари само што се вратија во Велика Британија откако шест недели беа на семеен одмор.

    „Можам да потврдам дека таа е во Канада“, изјави портпаролка на Маркл.

    Хари и Меган го оставиле синот во Канада, каде што за него се грижеле дадилка и пријателки на војвотката.

    Извор од Бакингамската палата изјави дека кралицата, принцот Чарлс и принцот Вилијам побарале од свои соработници да пронајдат применливо решение за плановите на Хари и Меган да станат финансиски независни.

    „Меган од старт намераваше да се врати во Канада. Таа дојде во Велика Британија само заради неколку средби и потоа веднаш замина назад“, изјави изворот за агенцијата ПА.

    Меган и Хари кажаа дека во иднина сакаат да поминуваат време и во Велика Британија и во Северна Америка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира