НЕ ВИДОВ ДОКАЗ ДЕКА ИРАН ПЛАНИРАЛ НАПАДИ НА ЧЕТИРИ АМБАСАДИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА САД

    НЕ ВИДОВ ДОКАЗ ДЕКА ИРАН ПЛАНИРАЛ НАПАДИ НА ЧЕТИРИ АМБАСАДИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА САДМарк Еспер верува дека Иран барал повод за отворен судир со САД (Фото: Ројтерс)

    Министерот за одбрана Марк Еспер го брани тврдењето на Доналд Трамп дека Иран планирал напади на американски амбасади на Блискиот Исток, пред САД да го убијат иранскиот генерал Касем Солејмани.

    Во петокот, Трамп изјави дека четири амбасади требало да бидат цел на напади, додека членови на Конгресот велат дека таква закана не била спомната на таен брифинг два дена порано.

    Прашан дали имало одредена или опиплива закана, Еспер за Си-Би-Ес одговори:

    „Немам видено ништо што се однесува на четири амбасади. Но, јас го делам мислењето на претседателот и верувам дека тие би удриле на наши амбасади. Имавме информација дека се подготвува напад од големи размери, кој би се случил во повеќе од една земја и дека тој би бил поголем од претходните напади, што би довело до отворен судир со Иран. Таа закана успеавме да ја спречиме“.

    Солејмани беше убиен во напад со дрон на 2 јануари, на што Иран одговори со ракетирање на две американски воени бази во Ирак, без да предизвика жртви.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира