Параглајдерист паднал при летање над пелистерското село Маловишта, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Битолски планинари кои попладнево слегувале од Пелистер раскажуваат дека ја пресретнале Брзата помош, како се искачува кон Маловишта за да му пружи помош на параглајдеристот. Лекарите им кажале на планинарите за несреќата, но немале информации дали параглајдеристот е жив.
Според првичните информации, тој паднал на терен над Маловишта, кадешто се упатени теренски возила за да го пронајдат и да му помогнат. Во подпелистерието денес се одржувал европски натпревар во летање со параглајдери.
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.