БОЛТ ЗАРАБОТУВА 33 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО, 20 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД КОЈ БИЛО ДРУГ АТЛЕТИЧАР

a:1:{s:9:"td_source";s:37:"Рио,(ДејлиТелеграф)

    БОЛТ ЗАРАБОТУВА 33 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО, 20 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД КОЈ БИЛО ДРУГ АТЛЕТИЧАР

    Богатството на Јусеин Болт е проценето на 60 милиони долари и годинава се очекува да биде меѓу 30-мината најплатени спортисти на планетата со заработка од 33 милиони долари. Последната листа на „Форбс“ со славни личности го рангираше јамајканскиот спринтер на 91. место. За контекст, тој е единствениот атлетичар меѓу најбогатите 100 спортисти и заработува 20 пати повеќе од просечниот спринтер.

    Најголем дел од неговите приходи доаѓаат од спонзорски договори, бидејќи паричните награди дури и од елитната Дијамантска лига се скромни во споредба со милионските плати на фудбалерите и кошаркарите. Победникот во Дијамантската лига добива 40.000 долари, што е голема сума за повеќето атлетичари, но тоа е само 1,24% од годишната заработка на Болт. Наградата, пак, за нов светски рекорд од Светската атлетска федерација е 100.000 долари.

    Јамајканецот е глобален амбасадор на „Пума“ и германскиот производител на спортска опрема му плаќа 10 милиони долари годишно до 2025 година, кога завршува договорот. Тој има спонзорски договори и со „Гејторејд“, „Виза“, „Вирџин Медија“, „Ибло“ и „Нисан“. Од „Гејторејд“ добива околу три милиони долари годишно, плус бонус за секоја фотографија како го конзумира пијалокот.

    Болт ноќеска направи историја со третиот олимписки златен медал на трката на 100 метри на Игрите во Рио. На тој начин, 29-годишникот го зацементира својот статус на најдобар спринтер на сите времиња.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира