НЕ МОЖЕВМЕ СО ПУШКА ДА ГО БРАНИМЕ ОФИЦЕРСКИ ДОМ, ВЕЛАТ БИТОЛСКИТЕ ВЛАСТИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ МОЖЕВМЕ СО ПУШКА ДА ГО БРАНИМЕ ОФИЦЕРСКИ ДОМ, ВЕЛАТ БИТОЛСКИТЕ ВЛАСТИ

    „Не можеме на секој објект да ставиме човек со пушка да го брани исто како што ’Комуналец’ не може да стави луѓе колку што можат битолчани да уништат и да фрлат ѓубре“, вели директорот на битолскиот Завод и музеј Зоран Алтипармаков, на новинарското прашањето зошто не бил заштитен гламурозниот балски лустер во Офицерскиот дом. Лустерот кој се смета за движно богатство на Битола, деновиве паднал од таванот на руинираниот Офицерски дом и се искршил.

    Luster-oficerski-dom_20160815131442478

    Лустерот кој се смета за движно богатство на Битола, деновиве паднал од таванот на руинираниот Офицерски дом и се искршил.

    Директорот Алтипармаков претпоставува дека некој ги исекол ремените што го држеа лустерот тежок 700 килограми за таванот, и ги обвини младите битолчани за деструктивност.

    „Одговорноста паѓа на сите нас, го уништивме, а најзагрижувачки во цела работа се младите од Битола, оти немаат визија кон нешто подобро, имаат деструктивна моќ, само да уништуваат. Младите генерации целиот град го ишараа, го исчкртаа. Имав полемика со младите кои доаѓаа и велеа дека се заинтересирани да го заштитат, во иронија им реков ’да, гледам бабите и дедовците секоја вечер доаѓаат го чкртаат и кршат“, рече Алтипармаков.

    Веста дека е уништен балскиот лустер ги шокира битолчани. Тие на социјалните мрежи и во разговорите низ градот прашуваат што направија институциите да го заштитат Офицерскиот дом и лустерот? Домот кој е архитектонски бисер на Битола од 1911 година од времето на Абдул Керим Паша, прво министерствата си го предаваа меѓу себе, потоа ѝ го дадоа на Општината, па таа ѝ го врати на државата. Државата во јануари сакаше да го продаде за 930.000 евра, но битолчани протестираа, па пак го пренесе во надлежност на Општина Битола. Градоначалникот Владимир Талески тогаш најави дека ќе го претвори во културен дом. Но, освен што беа заклучени вратите, ништо друго не беше направено.

    Државата се обиде да се ослободи од Официерскиот дом и во јануари годинава го огласи на продажба по почетна цена од 930.000 евра. Ова ја дигна Битола на нозе, па по протестите власта се откажа од продажбата, а тогашниот премиер Никола Груевски изјави дека објектот ѝ се отстапува на Општина Битола (Фото: СДК.МК)

    Државата се обиде да се ослободи од Официерскиот дом и во јануари годинава го огласи на продажба по почетна цена од 930.000 евра. Ова ја дигна Битола на нозе, па по протестите власта се откажа од продажбата, а тогашниот премиер Никола Груевски изјави дека објектот ѝ се отстапува на Општина Битола (Фото: СДК.МК)

    Никој не одговара зошто институциите, знаејќи ја состојбата на Офицерскиот дом, не го изнесоа лустерот надвор од објектот и не го заштитија до некое подобро време кога Офицерскиот ќе биде реновиран. Вака, тој безмислосно и без никаква заштита беше оставен да се распаѓа заедно со Офицерскиот дом.

    Битола бесповратно загуби движно наследство кое беше сведок на офицерските забави, игранки, концерти и бројни манифестации во видни гости.

    Лустерот во 1970-те години беше направен од два други луксузни лустера од Офицерскиот дом во Скопје, кои беа оштетени за време на земјотресот на 26 јули 1963.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира