КИЧЕВЧАНЕЦ ДВА МЕСЕЦИ НА ОСУМ КОЊИ ИМ ГИ РАСЕКУВАЛ ГЛАВИТЕ СО СТАП СО КЛИНЦИ

    КИЧЕВЧАНЕЦ ДВА МЕСЕЦИ НА ОСУМ КОЊИ ИМ ГИ РАСЕКУВАЛ ГЛАВИТЕ СО СТАП СО КЛИНЦИДо Јавното обвинителство поднесена е кривична пријава против А.А.(41) од кичевското село Србјани за кривичното дело Мачење животни. (архивска фотографија)

    Кичевчанец од селото Србјани речиси два месеци на осум свои коњи им ги расекувал главите со остар предмет. Против него е поднесена кривична пријава.

    „Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ’мачење животни‘, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.А.(41) од кичевското село Србјани. Тој, во периодот декември минатата до јануари оваа година, извршил злоупотреба на осум коњи негова сопственост со кои вршел дотур на огревни дрвја и ги изложувал на тегобна состојба, користел остар предмет со кој им предизвикал расекотини на главите и не презел мерки за санирање на предизвиканите повреди“, изјави портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.

    Неофицијално, кичевчанецот ги повредувал коњите со стап на кој што биле закачени клинци.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира