ВМРОВЦИТЕ СО ТРАНСПАРЕНТ ПОБАРАА ОД ЈОВЕСКИ ДА ГО ПОКАЖЕ ПИСМОТО ОД КАТИЦА

    ВМРОВЦИТЕ СО ТРАНСПАРЕНТ ПОБАРАА ОД ЈОВЕСКИ ДА ГО ПОКАЖЕ ПИСМОТО ОД КАТИЦАПратеници на ВМРО-ДПМНЕ го истакнаа транспарентот за Државниот обвинител Љубомир Јовески од новинарската галерија. (Фото: СДК.МК)

    Тамам што почна да зборува Државниот обвинител Љубомир Јовески за да не се носи каков било Закон за Јавно обвинителство, направен со политички пазарења, група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со осомничениот во истрагата „Моќник“ Антонијо Милошоски, извадија бел транспарент со темни букви на кој беше отпечатено:

    „Господине Јовески, до кога ќе го криете писмото од Катица Јанева?“

    Претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацоски, кој ја води расправата, даде едноминутна пауза, а Јовески стоеше на говорницата.

    Милошоски, кој е осомничен за незаконско приватизирање на имот на Општина Пласница и за нарачка на лустрирање на сега покојниот судија Драги Билески од Кичево, заедно со неколку пратеници транспарентот го истакна од новинарската галерија.

    Сега зборува претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски, кој вели дека право на секој јавен обвинител, па и на шефот на ОЈО за организиран криминал, е да одреди кој обвинител најдобро ќе ја заврши истрагата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира