Од 12 часот престануваат да важат мерките на Град Скопје против високото аерозагадување. Бесплатен превоз, двојно поскап паркинг и стопирање на градежните работи како мерки беа воведени во понеделникот во 18 часот.
„На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината“, велат од Град Скопје.
Од Градот велат дека овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот.
А. АНТЕВСКА