СУДИЈКАТА НЕ ДОЗВОЛИ ИЗЛОЖБА НА ГАРДЕРОБАТА НА БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“

    СУДИЈКАТА НЕ ДОЗВОЛИ ИЗЛОЖБА НА ГАРДЕРОБАТА НА БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“Обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 на судење за „Рекет“ (Фото: К. Попов)

    Обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното судење за „Рекет“ побара пред судот да бидат презентирани сите докази, вклучувајќи ја и одземената брендирана гардероба. На судењето денеска, додека обвинителката Ивана Трајчева читаше што било одземено при претресот на неговиот дом, Боки 13 се пожали дека одземањето на облеката е преседан, бидејќи никој досега не бил оставен без гардероба. Сепак, судијката Васка Николовска – Масевска, го отфрли неговото барање.

    Обвинителката Трајчева кажа дека од гардероба се одземени 77 пантолони, 50 пара кондури, 15 пара патики, 15 пара чизми, 50 пара наочари, три часовника од марката ’Ролекс“, ташни, маси, теписони, украси „сваровски“ и други предмети.

    „Барам сите овие докази поединечно да се презентираат пред суд“, побара безуспешно Јовановски.

    Трајчева потоа кажа дека при претресот на канцеларијата и домот на обвинетата Катица Јанева се одземени  усб  стикови, лаптопи, надворешни хард дискови и една кожна ташна „Луј Витон“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира