Во продолжение на доказната постапка за рекетирање со 1,5 милион евра на бизнисменот Орце Камчев од страна на Бојан Јовановски-Боки 13, за негово ослободување преку Катица Јанева од истрагата „Империја“, се прекина со презентацијата на видеоснимките од куќата на Камчев.
Торбите, според обвинението во „Рекет“, со над милион евра, Јовановски и Зоран Милевски ги изнесуваат откај Камчев на 20.2.2019. Според редоследот на доказите на обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева, Бојан Јовановски и неговата мајка Јасминка Јовановска за два дена заминуваат во Италија.
- КАМЧЕВ ГИ СНИМАЛ БОКИ И КИЧЕВСКИОТ СО ТРИ КАМЕРИ, СЕ ЧЕКА СНИМКА ДАЛИ БРОЕНИТЕ ПАРИ СЕ СТАВААТ ДИРЕКТНО ВО ТОРБИТЕ ШТО ГИ ИЗНЕСУВААТ ДВАЈЦАТА
- ШТО МЕ ГЛЕДАШ, СЕ СМЕЕШ НА МАЛИГНОЗНА СОСТОЈБА, ГОСПОД НЕКА ТИ ВРАТИ, Ѝ ВИКАШЕ БОКИ 13 НА ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОВСКА
Според приложените сметки од Јовановски од шопингот на скапа брендирана облека во Милано, првите 11 се во вредност околу 50 илјади евра. Втората тура е во вредност од над 60 илјади евра. Вкупно, како што кажа Русковска, потрошиле 148 илјади евра.
Потоа беше прикажана ватсап порака меѓу обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева. Првин ѝ праќа фотографија од гарнитури за седење и ја прашува; „Одбра? Стигнати се“.
Потоа доказната постапка продолжи со пораки на ватсап меѓу Јовановски со Камчев, Дејан Панделески и со Фросина Ременски.
С. К. ДЕЛЕВСКА