ЕВРОПСКАТА УНИЈА СÈ ПОВЕЌЕ СЕ ОРИЕНТИРА КОН ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ТРАНСПОРТОТ

    ЕВРОПСКАТА УНИЈА СÈ ПОВЕЌЕ СЕ ОРИЕНТИРА КОН ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ТРАНСПОРТОТ„Макпетрол“ во 2007 изгради сопствена фабрика за производство на биодизел, кое на пазарот го нуди под името биодизел Б6

    Европската Унија планира обновливи извори на енергија до 2030 година да учествуваат во транспортот со 14%.

    Во Македонија, тие учествувале со само 0,117% во 2018 година, што е и намалување во однос на претходните години. Рекорден удел, од 0,197%, имало во 2014.

    Европскиот зелен договор, претставен од Европската комисија во декември, вели дека пристапот до ресурси е стратешко безбедносно прашање за ЕУ во однос на нејзината амбиција да стане климатски неутрален континент до 2050 година. Една од приоритетните области на договорот се алтернативните горива и забрзување на преминот кон одржлива и паметна мобилност.

    Транспортот, според извештајот на ЕК, учествува со една четвртина во целокупната емисија на стакленички гасови во ЕУ. За постигнување климатска неутралност, потребно е 90-процентно намалување на емисијата од транспортот до 2050 година. Паралелно, ЕУ треба да забрза со производството и развојот на одржливи алтернативни горива.

    Со директивата 2009/30/ЕЦ се овозможува мешање на етанол во бензин до 10 проценти, како и биодизел во дизел горивата со содржина од седум проценти.

    Следејќи ги европските стандарди и препораки, „Макпетрол“ во 2007 изгради сопствена фабрика за производство на биодизел, исполнувајќи го притоа техничкиот стандард на Европската Унија ЕN 14 214. „Макпетрол“ го пласира ова гориво под името биодизел Б6, што претставува мешавина од 6% биодизел и 94% еуродизел.

    Обновливи извори на енергија кои се користат во транспортот се течни биогорива, водород и биометан, како и електрична енергија добиена од сонце, вода и воздух за напојување на електрични возила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира