КОРОНАВИРУСОТ ГО НАДМИНА САРС ВО БРОЈКАТА НА СМРТНИ СЛУЧАИ

    КОРОНАВИРУСОТ ГО НАДМИНА САРС ВО БРОЈКАТА НА СМРТНИ СЛУЧАИНајмногу од починатите се во кинеската провинција Хубеи (Фото: АП)

    Новиот коронавирус ја надмина епидемијата на САРС во бројката на смртни случаи.

    Само во кинеската провинција Хубеи, која важи за центар на заразата, досега починале 780 луѓе, додека севкупно, бројката е 803, од кои двајца надвор од Кина. Во 2003 година, САРС (тежок акутен респираторен синдром) уби 774 луѓе во дваесетина држави, главно во Азија.

    Повеќе од 34.800 луѓе се заразени со новиот вирус на глобално ниво, но Светската здравствена организација сѐ уште нема прогласено пандемија.

    Во последниот извештај на здравствените власти на Хубеи стои дека вчера починале уште 81 лице.

    Новиот вирус, засега именуван како 2019-нЦов, првпат беше идентификуван во Вухан пред нова година и градот веќе со недели се наоѓа во карантин. Во меѓувреме, тој беше регистриран во 24 земји.

    Во четвртокот во Вухан почина 60-годишен американски државјанин, кој е прва некинеска жртва на вирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира