Македонската режисерка Тамара Котевска носи креација на дизајнерот Марк Боуер од Њујорк на вечерашното доделување на Оскарите. Котевска и Љубо Стефанов се режисери на документарецот „Медена земја“ кој е номиниран во две категории: најдобар документарен филм и најдобар странски филм.
Фустанот е со асиметрични ракави, во боја на слива е изработен од креп жерсе. Боуер важи за еден од најангажираните дизајнери чии креации често ги носат ѕвездите на црвените килими во Холивуд.
Освен Котевска, целата екипа заедно со хероината Атиџе Муратова е облечена во креации на Тања Кокев.
„Со нетрпение го очекувам црвениот килим и мојата омилена Атиџе во Кокев. Ви благодарам на безрезервната доверба медењаци што ми дозволивте да ве стокмам. Тамара Котевска сепак се одлучи за дизајн, кој не е креација на Кокев. Ви ја посакувам сета среќа на светов и вратете ни се со Оскар“, напиша Кокев на Фејбсук.
Б. НЕСТОРОСКА