ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ПО ВТОРПАТ СТИГНА ВО СОБРАНИЕ, ЌЕ СЕ НОСИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

    ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ПО ВТОРПАТ СТИГНА ВО СОБРАНИЕ, ЌЕ СЕ НОСИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКАПретседателот на Собранието Талат Џафери за новата седница даде пауза од еден час, за да има време пратениците да се потпишат за присуство и да ја видат корекцијата на техничката грешка на Законот за Јавно обвинителство. - Министерката за правда Рената Дескоска и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на седницата (Фото: К. Попов)

    По вторпат стасаа вечерва двата обвинителски закона во Собранието и седницата број 134, доби број 135.

    Таа не почнува, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тропаат на масите и бараат пауза. Претседателот Талат Џафери ги смируваше колегите, објаснувајќи дека не е ова новата седница, туку дека ја затвора 134-та седница на Собранието, бидејќи закoните беа повлечени за корекција. За новата седница тој даде пауза од еден час, за да има време пратениците да се потпишат за присуство и да ја видат корекцијата на техничката грешка.

    По паузата, околу 23 часот, 135. седница почна и пратениците го прифатија предлогот на министерката за правда Рената Дескоска двата закона, за Јавно обвинителство (се носи со двотретинско мнозинство) и за Совет на јавни обвинители (просто мнозинство), да се носат по скратена постапка. Спикерот Џафери потоа ја прекина седницата, која треба да продолжи откако законите ќе поминат на матичните комисии.

    Со новиот Закон за Јавно обвинителство, предметите на СЈО и де јуре ги презема Јавното обвинителство, односно Обвинителството за организиран криминал и основните обвинителства.

    Опозицијата се противи зашто како што тврди, вон собранискиот деловник се ставаат, па се вадат закони, се затвора една, се оди на друга седница.

    Постојано се збори за процедурални и технички работи, зошто експерти не го напишале Законот за Јавно обвинителство, што е првпат да се спомене по цела година неуспешни политички преговори за законот, а никој не зборува дека законот се носи за да се расчисти со минатиот криминал и со тој што евентуално се вршел во времето на СДСМ. Никој веќе и да не ја спомнува суштината на носењето на законот кој е со европско знаменце, а кој треба да гарантира дека борбата со криминалот и корупцијата ќе даде резултати.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира