ФАТЕНИ АРАМИИТЕ КОИ ЛАНИ ОГРАБИЛЕ ДЕСЕТИНА ВИКЕНДИЧКИ КАЈ ЛАГАДИН

    ФАТЕНИ АРАМИИТЕ КОИ ЛАНИ ОГРАБИЛЕ ДЕСЕТИНА ВИКЕНДИЧКИ КАЈ ЛАГАДИНМеѓу украдените предмети имало и уметнички слики и алати (Фото: СДК.МК)

    По интензивна потрага, охридската полиција ги фати ограбувачите на десетина викендички во населбите Лагадин и Елешец. На почетокот на декември, еден од фатените крадци насилно влегол во повеќе куќи, од каде што украл телевизори, уметнички слики и други предмети.

    „Поради постоење основано сомнение за сторени две казнени дела тешка кражба, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С. Ѓ. (35) од Охрид, како и против К. А. (38) од Охрид за сторени две казнени дела прикривање и помагање. Пријавениот С. Ѓ. ги сторил кражбите во ноември-декември 2019 во повеќе викенд куќи во охридските населби Лагадин и Елешец, каде што влегувал насилно, користејќи подесен алат и прибор. Притоа одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети. кои потоа второпријавениот К. А. ги транспортирал и сокривал во својот дом. Судија на претходна постапка на С. Ѓ. му одреди мерка притвор во траење од осум дена”, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

    Овие населби биле погодна мета на крадците бидејќи нив има многу викендички кои се користат главно во лето.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира