МОЖЕШЕ ДА ИМА ПОБРЗА ПРАВДА, АМА ТРЕБАШЕ ДА СЕ ЈАВУВАМ И ДА НАРЕДУВАМ ПРЕСУДИ, КАЖА ЗАЕВ ПРЕД СУДОТ

    МОЖЕШЕ ДА ИМА ПОБРЗА ПРАВДА, АМА ТРЕБАШЕ ДА СЕ ЈАВУВАМ И ДА НАРЕДУВАМ ПРЕСУДИ, КАЖА ЗАЕВ ПРЕД СУДОТВладејачката партија денеска маршираше од парламентот до судовите, каде што на бина се обрати Зоран Заев. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека и самиот тој, како и граѓаните, е незадоволен од правниот систем, но рече дека за да имало побрза правда требало тој да се јавува и да нарачува пресуди, како што се правело претходно, на маршот на СДСМ наречен „Чекориме за правда“. Владејачката партија денеска маршираше од парламентот до судовите, каде што на бина се обрати Заев.

    „Вие граѓаните со право сте незадоволни од правниот систем. И јас како индивидуа, но и сите ние во СДСМ не сме задоволни од испорачаното во однос на правната држава, затоа решивме дека ни е потребно правосудство кое ќе ја носи правдата, а правосудство кое што застарува предмети. Можеше да има и побрза правда, ама требаше Заев да се јавува по телефони за да наредува пресуди. За тоа ли се боревме? Се боревме против политичари кои се јавуваа и нарачуваа пресуди. Ние го ослободивме судството и да знаат тие судиите и обвинителите дека го ослободивме судството, ама будно го следиме“, кажа Заев.

    На судиите, обвинителите и на поротниците им рече да се ослободат и дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не им можат ништо.

    „На вас е почитувани судии и обвинители да ја испорачате правдата“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира