Иранска потпретседателка имала позитивен тест на коронавирус, објавија државните медиуми, додека земјата се мачи да се справи со ширењето на заразата.
Масумех Ебтекар е меѓу 254-те заразени со коронавирусот во земјата, во која досега починале 26 луѓе, што значи дека стапката на смртност е 10%, пет пати повеќе од Кина. Во последните 24 часа, во Иран имало 106 новозаразени.
Ебтекар, која е потпретседателка за жени и семејни работи, имала благи симптоми и досега не е примена во болница.
Претходно беше соопштено дека со коронавирусот се заразил и заменик министерот за здравство.