СЗО ПРОГЛАСИ НАЈВИСОК СТЕПЕН НА РИЗИК ОД КОРОНАВИРУСОТ, СЕ РАЗВИВААТ 20 ВАКЦИНИ

    СЗО ПРОГЛАСИ НАЈВИСОК СТЕПЕН НА РИЗИК ОД КОРОНАВИРУСОТ, СЕ РАЗВИВААТ 20 ВАКЦИНИКоронавирусот досега се проширил во речиси 60 земји (Фото: АП)

    Светската здравствена организација (СЗО) го зголеми глобалниот ризик од коронавирусот од „висок“ на „многу висок“, што е највисок степен, додавајќи дека појавата на вирусот во сѐ поголем број земји претставува сериозна загриженост.

    „Нема да помогне ако прогласиме пандемија во услови кога светот се труди да го спречи ширењето на заразата. Ако прогласиме пандемија, ние прифаќаме дека секој човек на планетата може да биде изложен на вирусот“, изјави директорот за вонредни ситуации во СЗО, Мајк Рајан.

    СЗО вели дека во моментов се развиваат повеќе од 20 вакцини против КОВИД-19 и првите резултати се очекуваат во наредните недели.

    Исланд е последната земја која го пријави првиот случај на коронавирус, маж во 50-ти години кој неодамна бил во Италија. Коронавирусот досега се проширил во речиси 60 земји, а во оваа група денеска се придружија и Холандија, Нов Зеланд, Нигерија и Мексико. На светско ниво има над 83.000 заразени и 2.800 починати.

    „Коронавирусот ќе стигне во најголем дел, ако не во сите земји. Ширењето станува сѐ поголемо и тоа е нешто на што подолго време предупредувавме“, додаде Рајан.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира