Откажани се двата концерта на новосадскиот женски квартет „Фрајле“ кои требаше да се одржат утре во Битола, откако Владата препорача да не се одржуваат јавни собири поради опасноста од ширење на коронавирусот.
Концертите за кои во Битола постоеше многу голем интерес и картите беа разграбани требаше да се одржат утре во Центарот за култура со почеток од 18 и 21 часот. Четирите дами Невена, Јелена, Марија и Наташа веќе допатуваа во Битола, но за нивниот настап битолчани ќе мора да причекаат.
Директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илијевски соопшти дека концертите се презакажуваат за трети април годинава, времето останува исто во 18 и 21 часот во Центарот за култура за кога ќе важат билетите што гостите веќе ги имаат набавено.
Ж. ЗДРАВКОВСКА