ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО САД

    ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО САДТрамп кажа дека можат да се очекуваат уште нови случаи на зараза (Фото: ЕПА)

    САД го потврдија првиот смртен случај од коронавирус во земјата, во северозападната сојузна држава Вашингтон.

    Претседателот Доналд Трамп кажа дека станува збор за жена во 50-ти години која веќе имала сериозни здравствени проблеми. Тој додаде дека веројатно ќе има уште случаи, но и дека САД се подготвени за сите околности.

    „Од 22-та случаја во земјата, четири лица се многу болни. Нови случаи можат да се очекуваат, но уште во раната фаза од појавата на коронавирусот мојата администрација ја презеде најагресивната акција во модерната историја да се спречи негово ширење. Нашата земја е подготвена за сите околности и нема причина за паника“, изјави Трамп.

    Здравствените власти кажаа дека починатата жена не патувала во ниедна од ризичните области. Ова уследи по три необјасниви случаи на коронавирус во Калифорнија и Ореган, што ги зголеми грижите дека тој се проширил внатрешно.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира