КОРОНАВИРУСОТ ЈА ОДЛОЖИ ПРЕМИЕРАТА НА НОВИОТ ФИЛМ ЗА ЏЕЈМС БОНД ЗА СЕДУМ МЕСЕЦИ

    КОРОНАВИРУСОТ ЈА ОДЛОЖИ ПРЕМИЕРАТА НА НОВИОТ ФИЛМ ЗА ЏЕЈМС БОНД ЗА СЕДУМ МЕСЕЦИ„Не е време за умирање“ требаше да игра во кината од 3 април, но ќе игра од ноември. - Постер за 25. филм за британскиот таен агент во Банкок. (Фото: АФП)

    Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд е одложена за седум месеци поради ширењето на коронавирусот.
    Продуцентите на „Не е време за умирање“, Мајкл Џ. Вилсон и Барбара Броколи изјавија дека премиерата од април е преместена за ноември, после „внимателно размислување и проценка на свескиот филмски пазар“.

    Филмот во режија на Кери Фукунага ќе игра во кината во Велика Британија од 12 ноември, а во САД од 25 ноември.
    Дваесет и петтиот филм за Бонд, по петти пат со Даниел  Крег во насловната улога,  требаше да игра во кината од 3 април, а светската премиера беше закажана за 31 март во Ројал Алберт хол во Лондон.

    „Само едно лице, кое може и да нема симтоми, може да ја зарази целата публика. Тоа не е тип на маркетинг кој некој би го посакал“, објавија продуцентите во отворено писмо до јавноста.

    Последниот Бонд филм, „Спектра“ заработи речиси 900 милиони долари во светските киносали во 2015. Според некои филмски аналитичари, светските киносали изгубија околу 5 милијарди долари по појавата на коронавирусот и затворањето на градови и установи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира