КАКОВ САКА НЕКА Е ИЗВЕШТАЈОТ, СЕ СПРОТИВСТАВУВАМ НА ТАКВИ ЛАЖНИ ВЕСТИ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    КАКОВ САКА НЕКА Е ИЗВЕШТАЈОТ, СЕ СПРОТИВСТАВУВАМ НА ТАКВИ ЛАЖНИ ВЕСТИ, ВЕЛИ МИЦКОСКИПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска се сретна со претседателот на австрискиот парламент Волфганг Соботка, придружуван од сопартијците Александар Николовски и Антонијо Милошоски. (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека не може да седи мирен и да рече дека тоа е така, па каков сака нека е извештајот, одговарајќи на новинарско прашање за напредокот на реформите во судството забележан во најновиот извештај на Европската комисија, по денешниот состанок со претседателот на австрискиот парламент Волфганг Соботка, на кој присуствуваа и Александар Николовски и Антонијо Милошоски.

    Мицкоски претходно кажа дека извештајот на ЕУ ни од далеку, ни од блиску не ја отсликува реалноста и единствено нешто со што може да се сложи од тој извештај е делот во кој се бара да се почне тој процес

    „Јас пред сѐ сум универзитетски професор и педагог, и кога како човек го слушам она ‘трас трас’ се договорив, или овој знае, тој знае или пак она рекетирање кое што е поврзано со една веќе поранешна телевизија, верувајте ми дека не можам да седам мирен и да речам дека тоа е така, па каков сака нека е извештај. Тоа се вредности кои што јас не можам да ги поддржам и тоа е конечна и лична моја одлука како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да се спротивставам на таквите лажни вести. Не можам да кажам дека е реформирано судството кога видовме како тоа се реформирало по методот ‘трас трас’. Така не се реформира судство, не се реформира судство со 74 пратеника, па потоа се поништува и се носи со 80 пратеници. Тоа е лош пример за моите и за вашите деца. Тоа е лош пример за генерациите кои што доаѓаат затоа ни се празни државата. Тоа не можам да го поддржам и никогаш нема да го поддржам”, изјави денеска Мицкоски.

    Во случајот на Македонија, како што соопшти Европската комисија, извештајот за напредокот покрива значителни чекори преземени да се зајакне независноста на правосудството, вклучувајќи го неодамнешното усвојување на ревидираниот Закон за Јавно обвинителство.

    Извештајот, исто така, покажува подобрување во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и напредок во реформата на разузнавачките служби и јавната администрација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира