ЗАРАЗЕНАТА ДИРЕКТОРКА НА КОЖНАТА КЛИНИКА ЗАСЕГА МОЖЕ ДА ДОБИЕ САМО ЈАВНА ОПОМЕНА, ВЕЛИ ЛЕКАРСКАТА КОМОРА

    ЗАРАЗЕНАТА ДИРЕКТОРКА НА КОЖНАТА КЛИНИКА ЗАСЕГА МОЖЕ ДА ДОБИЕ САМО ЈАВНА ОПОМЕНА, ВЕЛИ ЛЕКАРСКАТА КОМОРАПретседателката на Лекарската комора, д-р Калина Старделова-Гривчева на денешната прес-конференција. (Фото: МИА)

    Директорката на Клиниката за кожни болести, која е заразена со коронавирус засега може да добие само јавна опомена, како највисока казна, без да се чекаат судски одлуки, рече претседателката на Лекарската комора, д-р Калина Гривчева-Старделова. За опомената ќе одлучува етичката комисија на Комората.

    Министерот за здравство Венко Филипче вчера објави дека директорката на Кожната клиника се вратила од Италија и одела на работа пет работни дена. По објавувањето на нејзиниот случај, 193 лица се во изолација, а затворена е Клиниката. Филипче неколкупати потенцираше дека е многу разочаран од неодговорното однесување на колешката.

    „Лекарската комора бара докторите на медицина и другите здравствени работници да се придружуваат и да ги почитуваат дадените упатства во целина. Апелираме до сите да се однесуваат како што доликува на докторската професија, одговорно и разумно со цел да се заштити здравјето на граѓаните, но и сопственото здравје.

    Во врска со директорката на Клиниката за дерматовенерологија, која е заболена со коронавирус и која не ги почитувала препораките на здравствените власти, Лекарската комора преку своите органи ќе постапи во согласност со важечките законски прописи, статусот и подзаконските акти по што јавноста ќе биде информирана јавноста“, изјави д-р Гривчева-Старделова.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира