РУСИЈА ГИ УСВОИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СО КОИ ПУТИН МОЖЕ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ И ПО 2024

    РУСИЈА ГИ УСВОИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СО КОИ ПУТИН МОЖЕ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ И ПО 2024Путин уште двапати ќе може да се кандидира за претседател откако по 2024 ќе му истече сегашниот мандат (Фото: АП)

    Рускиот парламент одобри реформа на уставот што ќе му овозможи на Владимир Путин да остане на власт уште 12 години откако ќе му истече сегашниот претседателски мандат во 2024 година.

    За предложените амандмани ќе се гласа на национален референдум закажан за 22 април.

    Шеесет и седумгодишниот Путин е на власт во Русија повеќе од 20 години. Откако во два мандата беше претседател, тој стана премиер во 2008, по што уште двапати победи на претседателските избори, откако мандатот во меѓувреме беше зголемен од четири на шест години.

    Уставните измени ќе му овозможат на Путин уште двапати да се кандидира за претседател по 2024 година, при што претседателските овластувања и дополнително ќе бидат зајакнати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира