ПРОДУЦЕНТОТ ХАРВИ ВАЈСТИН ДОБИ 23 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СИЛУВАЊЕ

    ПРОДУЦЕНТОТ ХАРВИ ВАЈСТИН ДОБИ 23 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СИЛУВАЊЕВајнстин е осуден на 23 години во затвор поради силување и сексуален напад. (Фото: Си-Ен-Ен)

    Филмскиот продуцент Харви Вајнстин е осуден на 23 години во затвор поради силување и сексуален напад. Вајнстин минатиот месец беше прогласен за виновен на судењето во Њујорк.

    Шееесет и седумгодишниот Вајнстин, кој важеше за еден од најмоќните личности во филмскиот бизнис во Холивуд, денес во судот дојде со инвалидска количка.

    Неговите адвокати поднесоа жалба, со став дека и минимална казна од пет години ќе биде доживотна казна за него.

    Но обвинителството сметаше дека Вајнстин треба да ја добие најдолгата можна казна со оглед на „животот минат во злоупотреби“ кон мажи и жени и недостигот на каење за неговите дела.

    Вајнстин денеска за првпат му се обрати на судот, и рече дека длабоко жали но дека е „целосно збунет“ од она што се случило, во коментари кои се сметаат за критични кон движењето #MeToo.

    Од октомври 2017, дузина жени излегоа со обвиненија против Вајнстин за сексуално малтретирање и силување. Тој цело време ги негираше обвиненијата и ова беа првите за кои му се суди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира