МојВоздух/AirCare и Министерството за здравство изработија апликација за мобилните телефони која ќе ги информира корисниците за најновите информации од Министерството за заштита од коронавирусот.
„Преземи ја најновата верзија од Google Play и App Store, и осигурај се дека во менито ја имаш активирано опцијата за нотификации. Сите новости ќе ги има во делот “Вести’“, објави министерот Венко Филипче на Фејсбук.
Апликацијата е достапна на:
Android: https://getaircare.com/android
iOS: https://getaircare.com/ios
Од коронавирус во земајва моментално се заболени осуммина лица и сите се во стабилна состојба на Инфективната клиника во Скопје. Првозаболената пациентка е целосно оздравена и се очекува да биде пуштена дома, кажа Филипче.
Министерот секојдневно апелира да не се шират лажни вести и паника, и граѓаните да се информираат исклучиво од релевантните здравствени институции.