СЕДУММИНА УАПСЕНИ ВО РИМ ОТИ ИГРАЛЕ КАРТИ НА КЛУПА, ИЗЛАЖАЛЕ ДЕКА ОДАТ НА РАБОТА

    СЕДУММИНА УАПСЕНИ ВО РИМ ОТИ ИГРАЛЕ КАРТИ НА КЛУПА, ИЗЛАЖАЛЕ ДЕКА ОДАТ НА РАБОТАУлиците на Рим се полупразни откако Владата донесе строги мерки за спречување на коронавирусот. (Фото: АНСА)

    Седумина странски државјани се  уапсени во Рим затоа што играле карти на клупа, а претходно излажале дека излегле за да одат на работа, соопшти полицијата.

    Тие биле приведени во близина на една метро станица за давање лажна изјава околу непочитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

    Карабиниерите прават контроли на граѓаните што ќе се затекнат на улица и во текот на ноќта во главниот град на Италија сопреле 43 лица за да проверат дали нивното излегување од дома е во согласност со наредбата на Владата. Оправдано излегување од дома е ако граѓаните одат на работа.

    Италија од ноќеска на полноќ ги затвори сите продавници, баровите и ресторани за да го спречи ширењето на коронавирусот кој до средата навечер однесе 827 жртви, а 12.462 се заразени. Затворени се и фризерниците, салоните за убавина, кантините и ноќните клубови. Отворени се само самопослугите и продавниците за храна и аптеките. Фабриките работат со висок степен на мерки за претпазливост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира