ЧЕТИРИ НОВИ СЛУЧАИ СО КОРОНАВИРУС, СЕ ВОВЕДУВА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПА

    ЧЕТИРИ НОВИ СЛУЧАИ СО КОРОНАВИРУС, СЕ ВОВЕДУВА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПАЧетири нови случаи има денеска со коронавирус, кажа министерот Филипче. (Фото:Ѓ. Личовски)

    Четири нови пациенти има со коронавирус кои ќе бидат префрлени на Инфективната клиника во Скопје, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Тие се поврзани со брачната двојка од Дебар, кои беа втор и трет случај на заболени.

    Осуммината претходни пациенти со коронавирус се стабилни, освен првата пациентка од Дебар, кај која има влошување на состојбата и е на граница да биде поставена на машина за дишење. Таа со нејзиниот сопруг на 26 февруари влегле во земјава од Италија, а на 7 март беа хоспитализирани.

    Вкупно досега има 13 заболени, од кои првата пациентка е негативна на повторниот тест и утре треба да биде пуштена на домашно лекување.

    Владата одлучи Дебар и Центар Жупа да се прогласи кризна состојба. Тоа значи дека ќе биде ограничено движењето во и од двете општини.

    Денес на Скопскиот аеродром пристигнал наш државјанин од Германија, кој е сомнителен случај и ќе се тестира за коронавирус. Изолирани се и патниците кои седеле во негова близина.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира