Учениците од битолското основно училиште „Тодор Ангелевски“ им дадоа личен пример на врсниците како треба да се однесуваат во овој ризичен период додека се распуштени, зашто постои опасност од ширење на коронавирусот. Петнаесетина ученици снимија видео преку кое кажаа дека ќе останат дома и ќе читаат лектири, ќе гледаат филмови и ќе играат друштвени игри со браќата и сестрите.
Видеото е објавено под хаштагот СедиСиДома, а претставува своевиден апел и другите врсници да го направат истото.
Тие испишаа и стих: „Денес седам дома за да се заштитам себе, бидејќи утре треба да играм заедно со тебе“.
Видеото наиде на големо одобрување на социјалните мрежи.
Ж. ЗДРАВКОВСКА