ПРВАТА ПАЦИЕНТКА ОД ДЕБАР Е ПОСТАВЕНА НА АПАРАТ ЗА ВЕШТАЧКО ДИШЕЊЕ, СЕ ТЕСТИРААТ ДЕВЕТ ЛИЦА ЗА КОРОНАВИРУС

    ПРВАТА ПАЦИЕНТКА ОД ДЕБАР Е ПОСТАВЕНА НА АПАРАТ ЗА ВЕШТАЧКО ДИШЕЊЕ, СЕ ТЕСТИРААТ ДЕВЕТ ЛИЦА ЗА КОРОНАВИРУССе очекуваат да дојдат во Скопје четворицата заразени пациенти од Дебар, меѓу кои има и едно 15-годишно момче, и сите имаат лесна форма на болеста. Министерот за здравство Венко Филипче. (К. Попов)

    Првата пациентка од Дебар која беше хоспитализирана на 7 март на Инфективната клинка е поставена на апарат за вештачко дишење и ја прима соодветната терапија, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

    Пациентката и нејзиниот сопруг од Дебар беа први заразени со коронавирус, а вкупно досега од овој град се заразени 11 пациенти. На Инфективната клиника во Скопје е сместена и поранешната директорка на Клиниката за кожни болести, а првата заболена пациентка е целосно оздравена и в понеделик ќе биде пуштена дома.

    Во моментов, рече Филипче, се очекуваат да дојдат во Скопје четворицата заразени пациенти од Дебар, меѓу кои има и едно 15-годишно момче, и сите имаат лесна форма на болеста.

    Се тестираат девет лица, од кои шест од Дебар, еден странец кој се пријавил преку Центарот за јавно здравје од Битола и двајца пациенти кои патувале во Шпанија.

    Од тие шест, четири лица биле во контакт во втората група на заразени, а превентивно се тестираат и епидемиолог и лаборантски техничар.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира