Италија објави дека во последните 24 часа починале 175 луѓе од коронавирусот, што е значително помалку во однос на вчерашните 250. Во земјата досега има 1.441 починат од КОВИД-19.
Специјалниот комесар Анџело Борели извести дека има и 2.795 новозаразени, чија вкупна бројка порасна на 21.157.
Шпанската влада потврди дека од понеделник земјата ќе биде во 15-дневен карантин. Шпанија е најтешко погодена земја во Европа после Италија, со 191 починат и 6.046 заразени.
Бројката починати во Велика Британија се зголеми од 11 на 21.