По неколку дена отпор, Доналд Трамп денеска конечно се тестираше на коронавирус.
„И јас се тестирав. Резултатите се очекуваат за ден-два. Претходно ми мереа температура и беше нормална“, изјави Трамп, потврдувајќи дека во САД досега има 50 мртви.
Тој досега одбиваше да се тестира, иако во изминатите денови бил во контакт со најмалку тројца луѓе за кои во меѓувреме се дозна дека се заразени. Еден од нив е дипломат од бразилската амбасада во Вашингтон, за кој беше потврдено дека имал позитивен тест откако седел на иста маса со Трамп.
САД денеска ја проширија забраната за патувања и на Велика Британија и Ирска, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс. Трамп претходно објави дека забраната, која денеска стапи на сила, се однесува само на 26-те земји од Шенген зоната.