ТЕСТОТ НА ТРАМП Е НЕГАТИВЕН, ОБЈАВИ БЕЛАТА КУЌА

    ТЕСТОТ НА ТРАМП Е НЕГАТИВЕН, ОБЈАВИ БЕЛАТА КУЌАТрамп изминатите денови одбиваше да се самоизолира и тестира (Фото: АП)

    Доналд Трамп имаше негативен тест на коронавирус, објави Белата куќа.

    „Добивме потврда дека тестот е негативен“, изјави лекарот Шпн Конли.

    По неколку дена одбивање, Трамп вчера се согласи да се тестира откако во изминатите денови бил во контакт со неколку луѓе за кои во меѓувреме се дозна дека биле позитивни на коронавирус. Меѓу нив е Фабио Вајнгартен, соработник на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

    „Една недела откако имаше вечера со бразилска делегација во Мар-а-Лаго, претседателот Трамп нема никакви симптоми“, додаде Конли.

    Трамп одби да се самоизолира по оваа средба. Освен Вајнгартен, уште тројца кои биле присутни таа вечер имале позитивен тест, вклучувајќи ја и американската амбасадорка во Бразил.

    Во САД досега има повеќе од 2.700 потврдени случаи на коронавирус, како и 54 починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира