Најмалку 247 луѓе загинаа и 368 се повредени во земјотресот што вчера ја погоди централна Италија, додека илјадници спасувачи продолжуваат со напорите да најдат преживеани во рушевините.
Се верува дека има уште десетици затрупани во уништените градби во Аматриче, Акумоли и Пескара дел Тронто. Потрагата продолжи во ноќта, кога се случија уште неколку помали земјотреси кои ги затресоа веќе оштететените куќи и згради.
Повеќе од 4.300 спасувачи работат со помош на тешка механизација, но и со голи раце. Многу од настраданите се деца, кажа италијанскиот министер за здравство и предупреди дека бројот на мртви може уште да се зголемува. Земјотресот со јачина од 6,2 степени се случи вчера во 3.36 часот наутро со епицентар на 100 километри североисточно од Рим. 190 од загинатите се од провинцијата Риети и 57 се од соседната провинција Асколи Пичено.
БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИТАЛИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 247, ПОТРАГАТА ПО ПРЕЖИВЕАНИ ПРОДОЛЖУВА
a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Аматриче,(разниизвори)