Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Твитер напиша дека сите религиозни активности се суспендирани поради епидемијата на коронавирус.
„Со владина одлука, сите религиозни активности се суспендирани. Црквите ќе останат отворени само за индивидуални молитви. Заштитата на јавното здравје бара јасни одлуки“.
Неговиот твит доаѓа откако Светиот синод, највисокото тело на Грчката православна црква, одлучи да ги откаже сите активности и ритуали на неодредено, освен неделните миси.
По сугестиите од политичките лидери и здравствените власти, свештениците одлучија црквите да останат отворени само за приватни молитви, а сите венчавки и крштевки се откажани. Погребите ќе се одржуваат само за најблиските од семејството на починатиот.