ВУЧИЌ ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО СРБИЈА

    ВУЧИЌ ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО СРБИЈАВо Србија се забранува движење на сите од 20 до пет часот наутро. - Александар Вучиќ

    Српскиот претседател Александар Вучиќ воведе полициски час во земјата откако со досегашните мерки против ширењето на коронавирусот не била постигната целосна дисциплина.

    Со новата мерка, ќе биде забрането движење на сите од 20 до пет часот наутро, а посебни забрани се воведени за лицата над 65 години.

    „Од утре од 10 часот, на лицата постари од 65 години ќе им биде забрането да излегуваат надвор во градовите, а во селски средина на оние над 70 години. Ноќе на улица ќе можат да излезат само оние луѓе кои работат трета смена“, изјави Вучиќ.

    Според него, 1.763 луѓе кои би требало да бидат во изолација не се пронајдени дома и додаде дека најголеми жаришта се Белград, Кикинда, Ниш и Чачак. И покрај ригорозните мерки, Вучиќ вели дека кафулињата и натаму ќе можат да работат ако го обезбедат потребното растојание меѓу гостите.

    „Никој нема да остане гладен и без основни намирници. Ништо да не јадеме освен леб, ќе го има доволно. Имаме огромни залихи на пченица“, рече Вучиќ.

    Според последните информации, во Србија има 72 случаи на коронавирус.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира