Дописникот на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК Ване Трајков од Струмица ја доби годинешната награда на ЗНМ „Крсте Петков Мисирков“ за најдобра истражувачка сторија за теми од локално и регионално значење.
Трајков е награден за серијалот текстови за проблематичниот тендер на ЈП „Комуналец“ од Струмица, кој резултираше со поништување на тендерот.
- СТРУМИЧКИ КОМУНАЛЕЦ ЗА 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА АНГАЖИРАШЕ ПРИВАТНА ФИРМА ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ
- ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ЈАНЕВСКИ БАРА КОМУНАЛЕЦ ДА ГО ПОНИШТИ ДОГОВОРOT ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ ОД 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА СО ПРИВАТНА ФИРМА
- РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ ОД 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА НА СТРУМИЧКИ КОМУНАЛЕЦ СО ПРИВАТНА ФИРМА ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ
Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело ѝ беше доделена на долгогодишната новинарка на МРТ и известувач од Собранието Мира Костиќ, која годинава стави крај на својата богата новинарска кариера. Наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство им припадна на новинарите на емисијата „360 степени“ Зоран Јовановски и Славица Филиповска за прилогот со наслов „360 на терен со УЈП – итроштини и ургенции на секој чекор“.