СТАРИТЕ ЛИЦА ОД ДОМОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“ ВО СКОПЈЕ ИЗРАБОТИЈА МАСКИ ЗА ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦА

    СТАРИТЕ ЛИЦА ОД ДОМОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“ ВО СКОПЈЕ ИЗРАБОТИЈА МАСКИ ЗА ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦАМатеријалите за работа се обезбедени од лични средства на вработените во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје, во чии рамки функционира домот. (Фото: Дом за стари лица „Мајка Тереза“ )

    Жителите на домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Скопје самоиницијативно, и без ризични групирања,  изработија 100 заштитни маски од 100 отсто памук, во знак на поддршка за здравствените работници во секојдневната борба со коронавирусот.

    Материјалите за работа се обезбедени од лични средства на вработените во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје, во чии рамки функционира домот.

    „Маските ќе бидат донирани во соработка со Црвениот крст на Град Скопје на оние за кои во овој момент тоа им е најпотребно, а тоа се вработените во болницата во Дебар“, велат од Заводот.

    Во Домот „Мајка Тереза“ се сместени стари лица, корисници на социјална заштита. Секојдневно функцонираат голем број активности и настани , а се во рамките на културните и работно-рекреативните дејности.

    „Соочени со новонастанатата состојба во нашата држава и појавата на коронавирусот како пандемија, голем број од активностите и настаните кои се предвидени за оваа година, едноставно мораше да ги одложиме и да се воздржуваме од истите, максимално почитувајќи ги препораките од Министерството за здравство“, велат од Заводот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира