КОРИГИРАНА ВЕСТ: 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ЗАГРЕБ

    КОРИГИРАНА ВЕСТ: 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ЗАГРЕБВо Загреб утрово се регистрирани четири земјотреси (Фото: 24 сата)

    Коригирана вест: Иако утринава беше објавено дека петнесетгодишно девојче е прва жртва на земјотресот во Загреб, директорот на Детската болница изјавил дека тоа е во критична состојба со тешка церебрална повреда.

    Хрватските медиуми претходно објавија дека девојчето загинало кога врз неа паднале делови од покрив на една зграда.

    Загреб и северозападниот дел на Хрватска утрово го погодија два земјотреса, при што првиот во 6:24 часот имал јачина од 5,3 степени според Рихтерова скала, а вториот, кој се случи половина час подоцна, бил од пет степени. Во наредните часови се регистрирани уште два поблаги земјотреси.

    Во Загреб се оштетени бројни згради и автомобили, а во болниците се примени и десетина, полесно повредени.

    „Не влегувајте во куќите, останете надвор“, предупреди шефот на загрепскиот Центар за управување со кризи, Павле Калиниќ.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира