ИТНО И БЕЗУСЛОВНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ, ПОБАРА МЕЃУНАРОДНАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА НОВИНАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИТНО И БЕЗУСЛОВНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ, ПОБАРА МЕЃУНАРОДНАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА НОВИНАРИ

    Меѓународната федерација на новинари повика на итно и безусловно ослободување на македонскиот независен новинар Зоран Божиновски.
    Генералниот секретар на новинарската организација Ентони Белангер и претседателот Филип Лерут го осудија неговото апсење и континуирано држење во притвор во писмо упатено до претседателот Ѓорге Иванов и до јавниот обвинител.
    „Апсењето новинар за криминални активности без докази е неприфатливо во слободни и демократски земји и таквите обвинувања придонесуваат за дискредитација на новинарите како предавници и криминалци и ја уништуваат довербата на јавноста во нив. Господинот Божиновски објави многу приказни со факти за вклученоста на владини функционери во криминални активности. Затоа, ние веруваме дека единствената причина за неговото апсење е тој да биде спречен да објавува нови приказни“, се наведува во писмото на ИФЈ.
    ИФЈ ги потсетува македонските власти дека истражувањето и пишувањето стории е фундаментално право на новинарите, право загарантирано со европските закони и заштитено со член 16 од Уставот на Република Македонија.
    Зоран Божиновски беше уапсен на 21 април по неговата екстрадиција од Србија и оттогаш е во притвор. Обвинет е за шпионажа, злосторничко здружување и уцена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира