Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати.
Новите случаи на коронавирус во земјата по градови се во Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје; Дебар (40) – од кои 1 починат; Штип (7); Куманово (3) – од кои 1 починат; Кавадарци (2); Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје, а е во иозлација во Охрид, и Гостивар (1).
Министерството за здравство претходно соопшти дека ноќеска на Инфективната клиника почина 63-годишен маж од Дебар кому нагло му се влошила состојбата, а завчера почина и 57-годишна жена од Куманово. Обајцата претходно немале ниедна хронична болест која можела дополнително да ја искомплицира состојбата.