Олимписките и Параолимписките игри во Токио ќе бидат одложени за една година, се согласија организаторите.
Тие требаше да почнат на 24 јули, но изминатиов период сè погласни беа повиците на светската јавност да бидат одложени поради пандемијата на коронавирусот, која ги затвори границите и го парализираше светот.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска потврди дека Игрите ќе бидат одложени.
„Предложив одложување на Олимпијадата за една година и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах се согласи без двоумење“, изјави Абе.