Шпанија ја надмина Кина во бројот на мртви од КОВИД-19, откако во последните 24 часа починале 738 луѓе. Ова е значителен пораст во однос на вчера, кога имаше 514 починати.
Коронавирусот досега однесе 3.434 животи во Шпанија, додека Кина има 3.285 мртви. Црниот рекордер е Италија, каде што досега починале 6.820 луѓе.
Во Шпанија сега има и 47.610 заразени, што е пораст од 20% за еден ден.