Шпанија објави дека во земјата во последните 24 часа починале 655 луѓе од КОВИД-19, што е 83 помалку во однос на вчера, кога беше остварен црн рекорд.
Со тоа, вкупната бројка мртви во Шпанија порасна на 4.089.
Во исто време, Министерството за здравство кажа дека има и повеќе од 8.000 новозаразени.
Со новите 8.578 случаи, во земјата досега се регистрирани 56.188 заразени со коронавирус. Најтешко погодена област е главниот град Мадрид, каде што има над 17.000 заразени.
Вонредната состојба во Шпанија вчера беше продолжена до 12 април.