Британскиот премиер Борис Џонсон имал позитивен тест на коронавирус, потврди тој на Твитер.
Тој кажа дека во последните 24 часа развил благи симптоми, по што се тестирал.
„Во последните 24 часа ми се појавија благи симптоми, по што имав позитивен тест на коронавирус. Сега сум во самоизолација, но додека се борам со вирусот ќе продолжам да раководам со владата преку платформи за видео-конференција“, изјави Џонсон.